Не може без фудбалот: Карлос Пујол почнува тренерска кариера

Поранешниот фудбалер на Барселона, сега 40-годишниот Карлос Пујол, наскоро може да се врати во фудбалот, но во тренерска улога. За неговите тренерски услуги заинтересиран е шампионот во МЛС лига, Атланта јунајтед.

Пујол кој важи за еден од најдобрите одбранбени фудбалери на сите времиња, играчката кариера ја заврши во 2014 година и по четиригодишна пауза повторно се враќа во спортот.

Челниците на американскиот клуб сакаат да го ангажираат Пујол како замена за Џерард Мартин кој неодамна доби отказ, а трансферот би требало да биде реализиран на почетокот од јануари.

Карлос Пујол долги години беше капитен на Барселона и во каталноскиот гигант ја помина целата своја кариера. За репрезентацијата на Шпанија одигра 100 натпревари и постигна три гола.

Се вчитува...