Шпанскиот возач Карлос Саинц во новата сезона ќе биде дел од Вилијамс со кој денеска официјално постигна договор за соработка најмаку во следните две сезони. Постоеше можност тој да премине и во редовите на Ауди, но преговорите со британскиот тим беа конкретни по крајот на Големата награда на Белгија.
Така Саинц по крајот на актуелната сезона ќе го напушти Ферари за кој возеше од 2021 година. Во последните три сезони забележа три победи, по една во секоја сезона.
Шпанецот е дел од Формула 1 шампионатот од 2015 година. Претходно возеше и за Торо Росо, Рено и Мекларен.
BREAKING: Carlos Sainz will join the team for ’25, ’26 and beyond 🤩
BIENVENIDO, CARLOS! 🤝
Read the full story ⬇️
— Williams Racing (@WilliamsRacing) July 29, 2024
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА