„Карлос Саинц не беше соодветен за нас“

Карлос Саинц го напушта Ферари и во иднина ќе вози за Вилијамс со кој постигна договор на две години. Постоеше шанса шпанскиот возач да премине и во редовите на Алпин, но и покрај тоа што се воделе преговори не дошло до договор.

Тоа го откри советникот на Аплин, Флавио Бријаторе кој изјави дека на тимот му бил потребен возач кој ќе верува во планот и ќе остане повеќе години.

„Кога бевме заинтересирани за Сајнц, разговарав со него и дознав дека тој не е соодветен за нас. Очекувавме договор на најмалку четири години. Карлос го одби. За нас нема смисла да земеме човек во тимот на краток временски период. Или верува во нашата програма и ќе остане до крај, или не“, вели Бријаторе.

Се вчитува...