Шпанскиот пилот Карлос Саинц ќе потпише договор со Ферари и од следната сезона ќе биде втор возач во болидот на Скудерија. Мекларен имал желба да го задржи Саинц во тимот до крајот на 2021 година, но, сепак, преговорите биле неуспешни.
Ферари вчера потврди дека нема да го продолжи договорот со Себастијан Фетел, а раководството на тимот смета дека Саинц претставува светла иднина за Скудерија. Стручњаците сметаа дека Даниел Рикиардо е подобра инвестиција за Ферари, но, сепак, италијанскиот клуб се реши за 25-годишниот Шпанец.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА