Шпанецот Карлос Сајнц јуниор ја освои пол-позицијата во дождовните квалификации на трката за големата награда на Велика Британија, која ќе се вози на легендарната патека „Силверстоун“.
Возачот на Ферари на доминантен начин стигна до првото место на утрешната трка, пред возачот на Ред Бул, Макс Ферстапен. Од вториот стартен ред на утрешната трка ќе стартуваат Шарл Леклер во Ферари и Серхио Перез во Ред Бул.
Трката за големата награда на Велика Британија е закажана за утре со почеток во 16 часот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА