Карлос Сајнц доби казна поради инцидентот со Хамилтон

Карлос Сајнц е казнет по квалификациите во Јапонија, а причина е инцидентот со Луис Хамилтон.

Карлос Саинц ја освои 12. позиција во квалификациите, но поради казната ќе стартува како 15. на неделната трка на легендарната Сузука. Причина за ова е ситуацијата во вториот квалификациски циклус, кога Хамилтон го започна својот последен обид да избори место меѓу најдобрите 10 во квалификациите.

Сајнц беше во круг за загревање, кога Британецот се најде во свиокот број 1 и мораше да скршне од патеката за да избегне контакт, што очигледно му го попречи кругот и таа ситуација го привлече вниманието на стјуардите.

Трката за ГН на Јапонија е закажана за утре во 7 часот по средноевропско време.

Се вчитува...