Карлос Тевез ја објасни разликата меѓу Меси и Роналдо

Аргентинскиот напаѓач и поранешен играч на Манчестер јунатед, Карлос Тевез, е еден од играчите кои имале шанса да играат заедно со двете најголеми фигури во светскиот фудбал во последната декада – Лионел Меси и Кристијано Роналдо. Двајцата петкратни освојувачи на „Златната топка“ постојано поставуваат нови рекорди и ги освојуваат сите можни индивидуални награди, а спорот меѓу фановите за тоа кој е подобар е бескраен. Тевез од позиција на очевидец открива која е основната разлика меѓу Меси и Роналдо.

„Никогаш не сум го видел Меси во теретана. Никогаш не сум го видел да тренира сопирање на топката или слични други вежби. Сето тоа кај него доаѓа по природен пат. Пенали сепак тренира. Во почетокот не ги изведуваше, а сега сите ги праѓа во аголот. Роналдо после тренингот веднаш заминува во теретана. За него е опсесија да биде најдобар во се. Секогаш доаѓа на тренинг порано од другите. Кога тренингот беше закажан за девет часот, јас пристигнував во осум, а тој веќе беше таму. Дури да дојдев и во 7.30, тој пак беше таму. Почнав да се прашувам како можам да се ослободам од овој човек. Затоа еден ден решив да пристигнам на тренинг во шест часот, но тој повторно беше таму. Се уште беше сонлив, но беше таму“ – раскажува Тевез.

Се вчитува...