Карлос за Хоџсон: Не е лош човек, но навистина не разбира фудбал

Поранешниот бразилски репрезентативец и според многумина најдобриот лев бек во историјата на фудбалот Роберто Карлос изјави дека Рој Хоџсон не знае многу за фудбалот и потсети на соработката со англискиот тренер во Интер во сезоната 1995/96.

Легендарниот лев бек забележува дека имал добри односи со Хоџсон, но дека едноставно тој не разбира фудбал.

„Хоџсон ме уништи. Ме натера да играм централен играч за врска. Немав шанси со таква игра да влезам во бразилската репрезентација, а во 1997 година беше Копа Америка. Не е дека не се согласувавме добро. Тој едноставно не знаеше многу за фудбалот. Разговарав со претседателот на Интер, Масимо Морати и го замолив да ме пушти да го напуштам клубот“, изјави Карлос. 

Карлос на крајот од сезоната 1995/1996. се пресели во Реал Мадрид и во текот на неговите 11 години во „кралскиот клуб“, меѓу другото, три пати ја освои Лигата на шампионите.

Се вчитува...