Најдобриот шахист во моментов Магнус Карлсен се врати на Светското првенство во брзопотезен шах кое се одржува со Њујорк, САД, откако светската шаховска федерација му дозволи да носи фармерки.
Федерацијата се согласи да го „олесни“ кодексот на облекување на првенството од првичното, односно откако Карлсен беше казнет поради тоа што не му беше дозволено да носи фармерки.
Претседателот на Меѓународната шаховска федерација Аркадиј Дворкович рече дека ќе им дозволи на официјалните лица на турнирот од Светскиот шампионат да размислат да дозволат „соодветни фармерки“ со сако и други „елегантни мали отстапувања“ од кодексот на облекување.
Ситуацијата кулминираше кога Карлсен во петокот го напушти првенството. Во меѓувреме, Карлсен во видеото објавено во неделата на социјалните мрежи рече дека ќе игра – и ќе носи фармерки – на Светското првенство.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА