Кармата е лоша работа, а последен фудбалер кој може да ја почувствува е Жерар Пике. Шпанскиот стопер кој неодмана се разведе од својата сопруга Шакира по 11 години брак поради неверство за кое гласини имаше и за македонска старлета, наскоро би можел да заигра на теренот со нејзиното име.
Имено, новиот спонзор на Барселона, „Спотифај“ кој ги помовира музичките артисти „дебитираше“ на дресот на Барселона на дуелот против Реал Мадрид со логото на славниот канадски музичар Дрејк, а следна на листата за промоција верувале или не е Шакира!
Иронијата да биде поголема таа недамна го промовираше својот нов сингл „Монотонија“ кој е посветен токму на разводот со Пике. Единствено нешто што може да го спречи Шпанецот од брука е неговата лоша форма поради која не добива голема минутажа од тренерот Чави.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА