Синот на Кармело Ентони, Кијан на своето шоу насловено „Шоуто на Кијан Ентони“ даде дознаење дека неговиот татко, сега 40-годишната НБА легенда кој веќе некое време е во пензија би можел да се врати на теренот со цел настап на Олимписките игри кои во 2028 година ќе се одржат во Лос Анџелес.
Сепак бомбастичните вести на синот, Кармело Ентони експресно ги отфрли давајќи дознаење дека нема намера да се врати на професионалниот спорт.
„Немам намера да сменам некој кој заслужува да биде дел од тој тим. Би можел само да им дадам поддршка како почесен капитен“, изјави Ентони кој до Игрите во Париз го држеше рекордот за најголем број освоени златни медали на најголемиот светски собир.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА