Кармело Ентони влезе во бизнисот со марихуана

Поранешниот американски кошаркар Кармело Ентони, кој помина 19 сезони во НБА, го лансираше брендот „StayMe7o Cannabis“ (Stay Melo Cannabis).

Поранешниот кошаркар смета дека користењето канабис треба да биде сосема нормално.

„Секогаш сум за придобивките од канабисот. Во изминатите години го проучував, обрнував внимание на индустријата и видов каде оди, односно каква е траекторијата и реакцијата на јавноста на овој феномен. По сите мои истражувања, тврдам дека канабис треба да се конзумира“, изјави Ентони. 

Освојувачот на три златни олимписки медали со репрезентацијата на САД и 10-кратен учесник на Ол Стар натпреварот додаде дека тој ја користи својата роба.

Се вчитува...