Славната американска актерка Кармен Електра откри шокантни детали од својот живот. Овие денови во недостиг на спорт поради пандемијата од коронавирусот, главна тема е документарецот „Последниот танц“ посветен на легендарната генерација на Чикаго Булс предводена од Мајкл Џордан. По Џордановата приказна околу „кокаинскиот циркуз“ сега е откриена нова авантура во која бил поврзан и Денис Родман.
„Бев во кревет со Денис Родман. Чув дека некој чука на вратата, а во собата влезе Мајкл Џордан. Не сакав да ме види па морав да се сокријам под креветот“, изјави Електра.
Премиерните две епизоди од документарецот „Последниот танц“ беа прикажани минатата недела, а оваа недела не очекуваат третата и четвртата епизода од серијалот кој ќе има осум продоженија.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА