Каролина Вознијацки нема да игра на Австралија опен, иако првиот гранд-слем сезонава беше турнирот на кој планираше да се врати.
Информации за тоа дека данската тенисерка нема да биде во Мелбурн може да се најдат само на официјалниот сајт на турнирот, на списокот на играчи. Самата тенисерка не се огласи по ова прашање. Последен пат ја видовме Вознијацки на теренот во септември 2024 година на УС Опен, каде што беше елиминирана во четвртото коло.
Тенисерката долго време не ги објавува плановите за продолжување на кариерата, а очигледно е дека нејзините фанови ќе чекаат на тоа уште некое време.
Австралија опен почнува на 12. јануари.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА