Каролина Вознијацки му се враќа на тенисот

Шампионката на Австралија опен за 2018 година, Каролина Вознијацки, најави враќање на тенисот.

Данската тенисерка последен пат играше во Австралија во 2020 година кога беше елиминирана во третото коло.

Во меѓувреме стана мајка на две деца, но и на 33 години е подготвена повторно да игра тенис.

„Во последните три години имав цел само да го надоместам изгубеното време со моето семејство. Станав мајка, сега имам две прекрасни деца и благодарна сум за тоа. Но, се уште имам цели што сакам да ги постигнам. Сакам да им покажам на моите деца дека треба да ги бркате своите соништа, без разлика на вашата возраст и статус. Оваа одлука ја донесовме како семејство, се враќам и едвај чекам“, напиша Вознијацки.

Се вчитува...