Младиот норвешки атлетичар Карстен Вархолм го урна светскиот рекорд на 300 метри со пречки на атлетскиот митинг „Невозможни игри“. Времето кое го постави Новрежанецот е 33.78, но нема да биде официјално бидејќи оваа е една од дисциплините кои што не се официјални во атлетиката.
Вархолм го има второт најдобро време во историјата на делницата на 400 метри со пречки (46.92), што е за само 14 стотинки послабо од светскиот рекорд на Кевин Јанг од 1992 година.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА