Ракометната Федерација на Македонија ги известува љубителите на ракометот дека сениорската селекција во недела (17.04.2022 г.), со почеток во 19.00 часот во Спортскиот Центар „Борис Трајковски“ во Скопје, ќе го одигра реваншот од бараж двомечот со Чешка за пласман на Мундијалот во 2023 година.
Цените на билетите ќе чинат 100 денари и ќе може да се купат онлајн на mktickets.mk, а исто така и на сите продажни места на МК Тикетс низ државата.
За потсетување, ова ќе биде последниот репрезентативен натпревар за двете легенди на македонскиот ракомет, Кире Лазаров и Филип Миркуловски, пред домашната публика.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА