Вистинска „картонијада“ се случи на крајот од дерби натпреварот на 8. коло во Првата македонска фудбалска лига во Струга, меѓу шампионот Струга ТЛ и лидерот Гостивар.
Домашните искажаа незадоволство по израмнувањето на Гостивар за конечни 2-2 во финишот од средба, па дојде и до несогласување и револт меѓу двете клупи.
На крај, во судиското продолжение директен црвен картон од главниот судија Марјан Младеновски, добија шефовите на стручниот штаб на двата тима, Ќатип Османи кај Струга и Блаже Панов кај Гостивар.
А, исклучување во тие моменти заработи уште и Бесарт Исаку од клупата на Струга ТЛ, како и помошниот тренер на Гостивар, Рамазан Ирмак.
На теренот, пак, главниот судија Младеновски додели и пет жолти картони за домашните, и два за гостите.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА