Десниот бек на актуелниот европски првак и бранителот на титулата, Дани Карвахал имаше само пофални зборови за соседите Атлетико и нивниот најдобар поединец, Антоан Гризман пред вечерашниот мега-дуел во Лигата на шампиони. Шпанскиот репрезентативец знае дека Гризман ќе им прави доста проблеми во одбраната, но смета дека помеѓу него и Кристијано Роналдо има разлика.
„Тие двајца се суперѕвезди, но со различен стил на игра. Ако веќе морам да одберам, тогаш нормално ќе кажам Роналдо. Со него сум во тимот веќе четири години, секој ден сме заедно, а и индивидуалните пехари кои ги освои годинава го прогласуват за најдобар. На Гризман му посакувам се’ најдобро во кариерата, многу успеси и титули, но не и против нас. Нормално дека тој е најголемата закана за нас и ќе се обиде да ни ги поремети плановите, Гризман е брилијантен со топката. Ова е повеќе од дерби, се бориме за влез во финалето. Мора да ги искористиме сите шанси, но и да се потрудиме да не примиме гол. Овде мора да победиме, а за вториот меч ќе мислиме кога ќе дојде време“ – истакна Карвахал.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА