Реал Мадрид славеше со рутински 2-0 на домашен терен против Вилјареал, но триумфот остана во сенка на тешката повреда на Дани Карвахал.
Десниот бек со години наназад е стандарден првотимец кај Карло Анчелоти, па разбирлива е загриженоста кај италијанскиот стратег откако искусниот дефанзивец остана да лежи на теренот. Тој веднаш по мечот беше пренесен во клиника, каде беа потврдени црните прогнози – станува збор за кинење на лигаментите во коленото поради што ќе следи пауза од најмалку шест месеци од фудбалските терени.
Сепак, целиот фудбалски свет а пред се навивачите на Реал беа воодушевени од позитивноста на Карвахал, и покрај тоа што и самиот е свесен дека доживеа една од најтешките повреди во фудбалот.
🚨🚨🚨🚨🚨🚨🚨🚨🚨🚨🚨
Dani Carvajal screams and tears after serious injury
🥺🥺🥺🥺🥺🥺🥺🥺🥺💔💔💔💔💔
— Saeed ALHejaili (@saeed3373) October 5, 2024
„Сериозна повреда на крстните лигаменти. Ќе морам на операција и веќе сега едвај чекам да почне процесот на опоравување и да се вратам како вистински ‘ѕвер’ на теренот. Благодарам на сите пораки, чувствувам огромна љубов“ – напиша синоќа Карвахал.
🚨⚠️ BREAKING: Dani Carvajal has torn his ACL, confirmed.
“Serious cruciate ligament injury. I’m gonna have surgery and already looking forward to starting recovery and coming back like a BEAST”.
“Thank you all so much for your messages, I feel very loved”. pic.twitter.com/7KaCvqi8LP
— Fabrizio Romano (@FabrizioRomano) October 6, 2024
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА