Карвахал: Минувам низ тежок период во кој најмногу ме изненади Симеоне

Дани Карвахал остава одлична година зад себе која, за жал, ќе биде затворена со тешкиот период во моментов по повредата на почетокот од октомври.

Сега Карвахал минува низ еден тежок период на опоравување во кој вели дека многу му помагаат и пораките со поддршка. Фудбалерот на Реал Мадрид, открива моменти од овие два месеци кои посебно оставиле впечаток кај него притоа истакнувајќи го потегот на тренерот на лутиот ривал Атлетико, Диего Симеоне кој не се заборава.

„По повредата добив многу пораки со поддршка, но да бидам искрен посебно впечатлива беше онаа на Диего Симеоне. Навистина најпријатно ме изненади. Тоа е човек кој го сака фудбалот и на кого многу му се восхитувам. Да, носиме ривалитет меѓу себе, но страста и љубовта кон фудбалот и човечките особини се најважните“ – вели Карвахал, притоа дополнувајќи:

„Се чувствувам далеку подобро сега. Одам без помагала, возам велосипед… Поставувам краткорочни цели и ги постигнувам. Можеби и ќе успеам да се вратам на терените“.

 

Се вчитува...