Карвахал: Мислев дека заврши мојата фудбалска кариера

Фудбалерот на Реал Мадрид и шпански репрезентативец, Дани Карвахал, се очекува да се врати на терените по два месеци пауза, откако лекарите му открија проблеми во работата на срцето. Тој мораше веднаш да престане со тренинзи, и за среќа, брзо го надмина овој здравствен проблем.

„Бев исплашен и постојано размислував какви ќе бидат следните резултати од лекарските прегледи. Стравував дека ќе морам да ја завршам фудбалската кариера. Но, докторите ме смируваа велејќи дека тоа често се случува“, открива Карвахал.

Првите денови биле трауматични за десниот бек на Реал Мадрид.

„Првите неколку денови беше навистина грозно. Не можев да се движам, а моето тело е навикнато на такви активности. Но, од докторите имав строга забрана за тоа. Кога состојбата се подобри, немаше посреќен човек од мене“, истакна Карвахал.

Докторите му дадоа дозвола за настап на Дани Карвахал на претстојното градско дерби против Атлетико Мадрид, но прашање е дали ќе добие шанса од тренерот Зинедин Зидан со оглед на долгата пауза.

Се вчитува...