Откако загуби во финалето на шпанскиот Суперкуп, Реал Мадрид го заврши својот настап и во Кралскиот куп.
Алваро Арбелоа ги презеде кралевите, но неговото деби нема да се памети по добро. Фудбалерите на шпанскиот второлигаш Албасете направија изненадување победувајќи го Реал Мадрид со 3-2 во осминафиналето на Кралскиот куп.
Капитенот на Реал Мадрид, Дани Карвахал, беше искрен во своите изјави, велејќи дека го достигнале дното и дека мора да направат темелни промени.
„Мислам дека синоќа го допревме дното, испаднавме од второлигаш. Им честитам. Мора да направиме сериозна анализа, и индивидуално и како тим. Сè уште имаме време да ја свртиме сезоната во наша полза, ни остануваат два одлични натпреварувачки фронта за кои треба да се бориме. Пораката е јасна: тимот во моментов не е на своето ниво. Мора да работиме понапорно, сите мора да дадеме многу повеќе и тоа е факт“, вели Карвахал.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

