Десниот бек на Реал Мадрид, Дани Карвахал ја продолжи соработката со клубот до 2022 година. Eден од најборбените фудбалери на Реал, кој воедно е и производ на „кралската“ академија, вели дека е задоволен што неговата клаузула е голема, па така ниту еден клуб не би можел да си ги дозволи неговите услуги.
„Пресреќен сум што ја продолжив соработката со мојот клуб од детството. Имав среќа што поголемиот дел од мојата кариера го минав во овие простории, освојувајќи се’ што можеше да се освои, а сега со овој договор кој ме обврзува до 2022 година, сакам истите титули повторно да ги освојам со Реал. Исто така ме радува големата клаузула, не сум сигурен колку точно изнесува, но знам дека е голема, па така ниту еден клуб не може да ги дозволи моите ислуги, а искрено, немам намера да го напуштам „Сантијаго Бернабеу“. Јас сум само благодарен на сите што напорно работат овој клуб да биде најголем во светот, и мило ми е што ја придонесувам онолку колку што е потребно. Им благодарам на претседателот Перез и тренерот Зидан, кои безусловно ме поддржуваат сите овие години, јас само се обидувам да им вратам на ист начин така што во секои 90 минути поминати на теренот, допринесувам за победа на Реал“, истакна Карвахал.
Шпанскиот репрезентативец го напушти Б тимот на Реал во 2012 година, од каде за 5 милиони евра се пресели во редовите на Леверкузен. Но, по само една сезона, Карвахал повторно го облече белиот дрес, а од тогаш за Реал има одиграно 167 натпревари, на кои постигнал 4 погодоци и 26 асистенции. Откако Зидан е на клупата, Карвахал е најстандарден фудбалер во неговиот состав.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА