Карвахал: Се повеќе размислуваме за штрајк!

Ѕвездата на Реал Мадрид, Дани Карвахал е еден од неколкуте фудбалери кои најавуваат штрајк поради зголемениот број на натпревари.

Шпанскиот репрезентативец и член на „кралевите“ откри дека фудбалерите планираат радикален протест поради зголемениот број на натпревари.

„Штрајкот поради премногу натпревари во текот на сезоната е опција, можност што ние играчите ја разгледуваме. Никој ништо не не прашува, воопшто не ни обрнуваат внимание и затоа мораме да го кренеме гласот“, изјави Карвахал. 

Реал Мадрид минатата сезона одигра 55 натпревари, а можно е оваа сезона таа бројка да биде уште поголема (над 70) поради новиот формат на Лигата на шампионите, но и на Светското клупско првенство.

Се вчитува...