Дани Карвахал се приклучи на тренинзите на Реал Мадрид и ќе биде достапен за тимот, но не наскоро.
Ова е одлична вест за Карло Анчелоти и мадридскиот клуб кои во текот на целата сезона мака мачат со повреди во последната линија на тимот.
Карвахал заработи повреда на лигаментите во октомври минатата година и оттогаш е надвор од терените.. Лекарите на Реал Мадрид очекуваа многу побавен процес на опоравување, но желбата на Карвахал да се врати на теренот преовлада.
Сепак, шпанскиот репрезентативец ќе мора да почека за неговото враќање. Првите проценки се дека тоа би можело да се случи пред Светското клупско првенство во јуни.
Карвахал би сакал уште побрзо да се врати на теренот, но постои ризик од повторување на повредата која практично може да значи крај на неговата кариера.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА