Реал Мадрид доживеа уште еден непријатен пораз (0-1) од лутиот ривал Барселона на „Сантијаго Бернабеу“ и по елиминацијата во Купот, дефинитивно ги загуби сите шанси и за шампионската титула во Ла Лига. Го признава тоа и десниот бек Дани Карвахал.
„Ова беше тешка седмица за нас. Загубивме два дерби меча на домашен терен и им кажавме збогум на два пехари. По елиминацијата во Купот, тешки ни беа нозете, но и покрај тоа создадовме многу шанси. Проблем ни е реализацијата, а ако не постигнете гол на „Ел Класико“, тогаш лошо ви се пишува. Реал Мадрид никогаш не се предава, ќе тренираме напорно и ќе се трудиме да бидеме подобри“, изјави Карвахал.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА