Барселона успеа да се избори за директен пласман во осминафиналето од Лигата на шампионите. На каталонскиот клуб му беше потребна победа во последното коло од лигата против Копенхаген и успеа да победи со 4-1 по пресврт, за на крајот да успее директно да се пласира во осминафиналето и да го избегне плејофот.
Иако Барселона не блескаше премногу во лигашкиот дел, успеа да стигне до ТОП 8.
По натпреварот, играчот од средниот ред на каталонскиот тим Марк Касадо откри што се случило во соблекувалната на полувремето и призна дека Флик бил исклучително незадоволен од она што го прикажал тимот во првите 45 минути.
Касадо изјави дека никогаш порано не го видел Флик толку лут и дека на играчите им било јасно дека мора да променат сè во второто полувреме, што успеале да го направат.
„На полувремето, тренерот воопшто не беше задоволен од она што го прикажавме во првото полувреме. Тој побара само едно нешто од нас, а тоа е да го зголемиме интензитетот на играта. Знаевме колку е лошо, но никогаш не сум го видел толку лут“, вели Касадо и продолжува.
„Тоа е доказ за тоа колку сите се грижиме за победата на тимот. Натпреварот беше тежок, но да се направи пресврт на таков начин дава самодоверба бидејќи на крајот сме задоволни од тоа како завршија работите.“
Касадо, исто така, откри зошто било важно сите во тимот директно да се квалификуваат во осминафиналето на Лигата на шампионите.
„Ќе избегнеме два дополнителни натпревари во нокаут фазата, што е одлично. Имаме повеќе време за одмор во веќе преполниот распоред, а тоа сигурно ќе ни биде од корист“, додаде играчот од средниот ред на Барселона.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

