Легендарниот јапонски натпреварувач во скијачки скокови, 45-годишниот Нориаки Касаи го заврши настапот на своите осми Олимписки игри во Пјонгчанг. Касаи кој прв пат настапи на ЗОИ во Албервил во 1992 година, и покрај тоа што е веќе во петатата деценија од живот, нема намера да се откаже и најави дека ќе скока и на следната Олимпијада по четири години во Пекинг.
„Не доаѓам само за да учествува, туку да го освојам златото. На Олимписките игри ги имам освоено сите медали освен златниот. Го посакувам медалот што ми недостасува. Можам уште да скокам и никако не сум завршил!“ – порача 45-годишниот Касаи.
Доколку Јапонецот ја реализира својата замисла, тогаш по бројот на настапи на Олимпијадите ќе му се придружи на австрискиот едриличар Хуберт Раудашл и на летонскиот стрелец Афанасиј Кузминс, додека пред него ќе остане само кандаксиот јавач Јан Милер со десет настапи на Олимписките игри.
Хоријаки Касаи е носител на олимписко сребро од Лилехамер и на бронза и сребро од ЗОИ во Сочи. На Игрите во Пјонгчанг скокаше освои 21. и 33.место. Но, Јапонецот верува дека на следните ЗОИ може да направи многу подобар резултат.
„Покажав само половина од тоа што го знам. Другата половина ќе ја покажам за четири години“ – порача Касаи.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА