Касано: Интер да им игра на Милан со младинци, пак ќе ги добие

Интер и Милан вечерва ќе го одиграат реванш натпреварот од полуфиналето во Лигата на шампионите. По првиот меч Интер има предност од 0-2 откако одигра феноменална партија на „Сан сиро“ пред седум дена.

Легендарниот италијански фудбалер Антонио Касано вели дека Милан нема шанси против Интер без разлика дали ќе игра Рафаел Леао или не, тој смета дека „нероазурите“ се сигурни финалисти во Лигата на шампионите.

„Интер треба да игра со младинците за да биде елиминиран, но постои ризик дека Милан и тогаш нема да помине, нема да може да ги победи ни нив. Со Леао или без него, малку менува, Милан е инфериорен во однос на Интер. Португалецот не е Кака или Роналдињо, не гледам дека е на тоа ниво“, вели Касано.

Се вчитува...