Касано повторно провоцира: Дибала не ми се допаѓа, не би го вратил ниту Лукаку во Интер

Некогашниот италијански репрезентативец, Антонио Касано во свој стил и без влакна на јазиот говореше за трансфер активностите на неговиот поранешен клуб, Интер.

„Нероаѕурите“ се пред договор со Пауло Дибала, а се поврзуваат и со неочекуван ангажман на Ромелу Лукаку кој би се вратил во клубот по само една година откако си замина за да го облече дресот на Челси.

Во интервју за „Бобо ТВ“, Касано истакна дека ангажман на било кој од овие двајца фудбалери би бил погрешен чекор за Интер, а потоа образложи и зошто.

„Трансферот на Дибала во Интер е готов, а мислам дека тој не е потребен во тимот затоа што мислам дека ќе има проблеми со Лаутаро. Дибала не им требаше, но се одлучија да го ангажираат. Не ми се допаѓа, секогаш го велев тоа. Тој е играч кој може да биде корисен, но кога го имате Лаутаро како втор напаѓач, треба да му донесете играч од типот на Един Џеко. Не би го вратил Лукаку назад. Тој рече дека се враќа во тимот за кој отсекога сонува, тим во кој заработува 15 милиони евра. Сега, откако не допре топка во Лондон наеднаш доби желба да се врати во Италија“, -јасен беше Касано.

Се вчитува...