Пензионираниот напаѓач Антонио Касано (41) ја коментираше елиминацијата на Италија од Европското првенство.
Италијанците во групната фаза ја победија Албанија (2:1), загубија од Шпанија (0:1) и ремизираа со Хрватска (1:1), а голот на Матија Закањи во 95. минута ги спаси можеби од елиминација. Хрватска на тој начин испадна од турнирот, а Италија се пласираше во осминафиналето каде беше поразена од Швајцарија (0:2).
„Репрезентацијата беше срање, тоа е реалноста. Немаме личност, квалитет, идеи, топки, ништо. Селекторот не можеше да направи повеќе од ова“, изјави Касано.
Меѓутоа напаѓачот застана во одбрана на селекторот Спалети.
„Го предупредив селекторот дека репрезентацијата е многу лоша и дека всушност е жежок компир. Но, секогаш ќе бидам со него бидејќи е гениј. Во Италија наместо да играат само критикуваат, а ние имаме генијалец на клупата“, смета Касано.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА