Екс фудбалерот на Милан и Интер, Антонио Касано е познат по своите коментари кои се без влакна на јазикот. Сега на неговото „мени“ се најде тимот на Јувентус, за кого имаше што да каже.
Касано коментираше дека Јувентус во Европа е ѓубре, и дека Масимилијано Алегри само бара изговори за неговите неуспеси.
„Севилја заслужено оди во финале, знаеја што сакаат. Беше тоа натпревар во кој само еден тим играше од почеток до крај. Јувентус имаше две контри, две шанси од прекин, дадоа гол и се затворија. Јувентус е таков, оди во ЛШ па изгледа како ѓубре, оди во ЛЕ истата работа“, рече Касано.
За крај го нападна и Алегри…
„Тој нема ништо да освои. Алегри ќе истовари го*на по другите, ќе зборува за потешкотии. Две години не одиграа пристоен натпревар, изгледаат како ѓубре“, рече Касано.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА