Шкендија испиша историја со пласманот во Конференциската лига на УЕФА, а успешните европски настапи значат и фантастична финансиска инјекција за тетовци.
Аналитичарите кои ги пресметуваат добивките на екипите од натпреварувањата на УЕФА пресметаа дека Шкендија досега инкасирала речиси пет милиони евра (поточно, 4.897.55о евра), сума добиена од настапите во летните квалификации како и првите три кола од Конференциската лига, во кои тетовци досега освоија четири бода.
Пред Шкендија на ова рангирање според досегашната европска заработка се наоѓаат премиерлигашот Кристал Палас, потоа АЕК Атина, Спарта Прага и ерменскиот клуб Ноа, а веднаш зад тетовци се наоѓаат Линколн, Утрехт, Ријека, Малме…

Македонскиот првак до крајот на првата фаза од Коференциската лига на УЕФА ќе одигра уште три средби, и тоа на гостински терен со Дрита, дома против Слован Братислава и на гостувањето во Ларнака против кипарски АЕК.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

