Касата се полни: Шкендија веќе има загарантирани 6 милиони евра

Шкендија испиша историја како прв клуб што стигна до плејофот во едно европско натпреварување, успех што тетовци одлично го наплатија согласно финансиските награди од страна на УЕФА.

Европската куќа на фудбалот ја наполни касата на македонскиот првак, кој досега има загарантирани шест милиони евра приход за резултатите во европските натпреварувања.

Шкендија имаше 5,8 милиони во пресрет на гостувањето во Ларнака, а пласманот во нокаут–рундата донесе дополнителни 200.000 евра во касата на тетовскиот клуб.

Секако, оваа сума може дополнително да се зголеми доколку Шкендија стигне до позитивен резултат во февруарската нокаут фаза во која тетовци за ривал ќе го имаат полски Лех или турскиот прволигаш Самсунспор.

Се вчитува...