Касемиро: Ќе се борам за моето место во Манчестер Јунајтед

Бразилецот Касемиро по успешните настапи за Реал Мадрид каде за седум години освои бројни трофеи во 2022 година се пресели во Манчестер Јунајтед каде наиде на колективно лоша состојба која се одрази и на неговата форма.

Сега 32-годишникот е само бледа слика од тоа што претставуваше во минатото, тој често е критикуван па затоа се јавија и гласини дека може да го напушти тимот. Тоа не се случи во јануари, постои голема шанса дека ќе се случи престојното лето, но доколку се прашува самиот тој, сака да се бори за својата позиција во тимот.

„Нормално, би сакал да играм повеќе. Не познавам некој играчи кој не би сакал да биде на теренот и да му помогне на тимот. Исто така би сакал да направам нешто повеќе и за клубот. Ги почитувам вработените, играчи, и самиот Јунајтед, клубот на кој сум му благодарен.

Имам уште 18 месеци од договорот и би сакал да го завршам до крај. Се навикнав на Манчестер со моето семејство, се адаптиравме на животот тука, сите говориме англиски. Благодарен сум им и на навивачите и на клубот. Среќен сум каде играм и покрај тоа што сакам да играм повеќе, но тоа е друга тема“, изјави Касемиро.

Се вчитува...