Касемиро: Лесно ми е мене кога играм заедно со Крос и Модриќ

Реал Мадрид стигна до уште еден трофеј во своите витрини откако славеше во финалето од Суперкупот на УЕФА против Ајнтрахт Франкфурт со 2-0. Шпанците кои важеа за фаворити на овој меч улогата ја потврдија во текот на сите 90. минути и заслужено славеа по последниот свиреж на судијата.

За играч на мечот беше прогласен Касемиро кој одигра фантастичен натпревар пред се во дефанзивата каде рутински ги сопре противниците, а притоа асистираше и за првиот гол. По натпреварот Бразилецот не го криеше задоволството, а имаше пофални зборови за неговите играчи Модриќ и Крос.

„Мојата задача е лесна кога играм до Крос и Модриќ, двата најверојатно најдобри играчи за врска во светот. Доволно е да се погледнеме за да знаеме кој што ќе направи. Некои работи во фудбалот не можеш да ги објасниш, едноставно се случуваат. Се надевам дека уште долго ќе играме заедно“, изјави Касемиро.

Се вчитува...