Играчот од средниот ред на Манчестер Јунајтед, Касемиро направи споредба меѓу нивото на Премиер-лигата и на Ла Лига. Бразилскиот фудбалер долги години беше дел од Реал Мадрид, за на почетокот на оваа сезона се пресели на „Олд Трафорд“.
Тој смета дека нивото во Премиер-лигата е повисоко и натпреварите таму се далеку потешки отколку оние во Шпанија.
„Не сакам да ја потценувам шпанската лига, но во Англија мечевите се потешки, динаимата е далеку поголема. Во Шпанија се сведува на „тики-така“. Тука се напаѓа повеќе, и екипите често се менуваат во посед. Во Премиер-лигата е многу потепко да станеш шампион. Но, тоа е мојата цел“, рече Касемиро.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

