Бразилскиот фудбалер и член на Манчестер Јунајтед, Касемиро би можел уште во јануари да се пресели во Саудиска Арабија. Играчот од средниот ред наводно добил добра понуда, и планирал да ја прифати истата, пренесува „Марка“.
Касемиро е во Јунајтед од 2022 година. Во тековната сезона постигна само еден гол во одиграни осум натпревари, но главно не играше поради повреда.
Бразилецот долго време беше дел од Реал Мадрид, а лани се одлучи да се пресели во англиската Премиерлига. Беше еден од најдобрите играчи на Јунајтед, но сега би можел да ја прифати одличната финансиска понуда и да тргне по стапките на многу играчи кои од најсилното првенство се преселија во Саудиска Арабија.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА