Касемиро само формалности го делат од потпишување на договор со Манчестер Јунајтед каде се сели по десет години поминати во Реал Мадрид. Бразилецот со „кралевите“ освои се што можеше да се освои, меѓу кои и пет пати трофеи во Лигата на Шампионите, три трофеи во Ла Лига, еден во Купот на Шпанија…
Тој веќе се опрости од соиграчите, срцепарателна порака објави и хрватскиот репрезентативец Лука Модриќ, а сега се огласи и самиот Касемиро кој вели дека никогаш нема да може да се оддложи за се што му дадоа клубот и навивачите и посакува еден ден да се врати во Мадрид.
„Ја живеев најубавата приказна што некогаш сум ја помислил. Се надевам дека еден ден ќе се вратам тука бидејќи ова место секогаш ќе биде мојот дом. Ниту за илјада животи нема да можам да им вратам на Реал Мадрид и мадридистите за се што ми го подаривте. Засекогаш…Хала Мадрид!“, напиша Бразилецот на социјалните мрежи.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

