Искусниот бразилски репрезентативец, Касемиро не ги оправда големите очекувања на „Олд Трафорд“. 31-годишникот оваа сезона се мачи и со повреди, а во негова полза не се ниту неделните примања од 350 илјади фунти па голема е веројатноста дека ќе замине од клубот престојното лето.
За неговите услуги се заинтересирани неколку клубови од Саудиска Арабија кои можат финансиски да го покријат неговиот трансфер кој чинеше 70 милиони фунти во 2022 година, а англискиот гигант веќе и ја знае неговата замена.
Станува збор за Жоао Гомез, 23-годишниот Бразилец од редовите на Вулверхемптон кој со одличните настапи оваа сезона ги примами погледите на европските великани. За неговиот потпис се заинтересирани и Тотенхем и Њукасл Јунајтед.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА