Уругвајскиот дефанзивец Мартин Касерес е нов член на англискиот премиерлигаш Саутемптон. Тој како слободен агент потпиша договор до крајот на сезоната, со опција за продолжување на соработката и по овој период.
Касерес претходно си замина од Јувеннтус, а по повредата на Алеиш Видал се појавија информации дека би можел да потпише и за Барселона. Сепак, Касерес подолг период беше во преговори со Саутемптон и одлучи да му се приклучи на англискиот тим.
„Од сите опции, одлучив да му пристапам на Саутемптон, и мислам дека тоа е најдоброто решение за мене во моментов. Среќен сум што ќе бидам дел од Премиер – лигата и што ќе го носам дресот на Саутемптон“, изјави Мартин Касерес.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА