Тажно, но вистинито – претседателот на РК Металург, клубот што ја претставува европската спортска сцена и кој пред десетина фрлаше со дрва и камења против ЕХФ во случајот „Обрадовиќ“, реши да си најде нова „тезга“. Кога веќе влезе во војна со ракометарите, Зоран Цветановски се зближи со „кошаркарите“, па денеска се појави како делегат на натпреварот меѓу Карпош соколи и Калев од Естонија.
Карпош соколи попладнево го игра својот премиерен европски натпревар од квалификациите за ЛШ на ФИБА против Калев. Вообичаено е од официјалните лица само оние за мерење на времето да бидат од земјата-домаќин, но затоа крајно изненадувачки е што во случајов и делегатот доаѓа од Македонија, и тоа речиси без никаква врска со кошарката во нашата земја. Ваквата одлука на европската куќа на кошарката го навлекла и бесот на челниците на МКФ, кои воопшто не е запознаени дека Цветановски некогаш ги добил потребните акредитиви за да се најде на листатата на делегати во ФИБА.
Во целата ситуација најпогодени со право се делегатите кои работат под капата на Македонската Кошаркарска Федерација, ги посетуваат неопходните семинари за ваков вид на ангажман, кои целосно се во втор план додека се именуваат лица без апсолутно никакво кошаркарско реноме (наводно без знаење на МКФ, туку со директна одлука на ФИБА).
Ова е Македонија, многу работи во сите аспекти на животот ни минуваат по принципот „мижи бутај“, но жално е кога институција како ФИБА која треба да биде главен спроведувач на правото во кошарката и водилка низ правилниците, со вакви одлуки го урива интегритетот на луѓето во овој спорт. И затоа никој веќе не е изненаден зошто „големите“ заминаа да играат во Евролигата и Еврокупот на ФИБА, бидејќи не сакаат на натпревар да им дојде човек без никаква врска со нивниот спорт.
Што е следно, Цветановски за делегат во ЛШ (натпреварување од кое дури и најави повлекување на неговиот клуб) да го види претседателот на КК Работнички или МЗТ Скопје?
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА