Кашемиро: Мора да признаеме дека играме катастрофално лошо, Лопетеги не е виновен

Реал Мадрид со полна мрежа голови се врати од „Камп Ноу“ каде доживеа дебакл и загуби со 5-1. Тренерот Хулен Лопетеги е пред отказ, а бразилскиот интернационалец Кашемиро вели дека главни виновници се сепак фудбалерите. Тие играат катастрофално лошо оваа сезона во дресот на „кралскиот клуб“.

„Апсолутно сите бевме катастрофални. Ова е најлошата можна слика за Реал Мадрид. И тоа пречесто се случува оваа сезона, мора да си признаеме. Не можеме вината да ја префрлиме на тренерот, затоа што ние фудбалерите се бориме на теренот и мораме да ја преземеме одговорноста. Мора да трчаме посилно и да бидеме поагресивни. Ние фудбалерите сме најголеми виновници“, изјави 26-годишниот фудбалер за врска на „кралскиот клуб“.

Реал Мадрид е во непријатна серија од пет меча без победа во Ла Лига, а следниот викенд на домашен терен го пречекува Валјадолид.

 

Се вчитува...