Кашемиро објави: Во јули си одам од Манчестер јунајтед

Кашемиро ги минува последните месеци на „Олд Трафорд“ откако бразилскиот репрезентативец денеска објави дека нема да потпише нов договор со англискиот гигант.

Актуелниот договор на Кашемиро истекува во јули годинава, а поранешниот фудбалер на Реал Мадрид јасно стави до знаење дека летово ќе ги смени клупските бои. Бразилецот, кој од 2022 година ги брани боите на Јунајтед и освои еден трофеј во ФА Купот и еден во лига-купот, досега има постигнато 10 гола и 6 асистенции во дресот на „црвените ѓаволи“.

„Да знаеш кога некоја етапа доаѓа до крај, да знаеш кога треба да кажеш збогум, да бидеш запаметен и почитуван засекогаш. Одлучив дека ова ќе бидат моите последни четири месеци на Олд Трафорд. Четири месеци во кои ќе дадам се за клубот, за остварување на зацртаните цели. Вечна почит за Манчестер јунајтед и за фантастичните навивачи“, објави Кашемиро.

Се вчитува...