Реал Мадрид блесна во полн сјај на гостувањето против Плзен во Лигата на шампионите. „Кралевите“ славеа со убедливи 0-5 и потсетија дека се актуелни европски прваци. По смената на Хулен Лопетеги, тимот реагираше одлично, а Сантијаго Солари има три победи по ред, и тоа без примен гол.
Бразилскиот интернационалец од средниот ред, Кашемиро, вели дека можеби раководството и не треба да бара нов тренер.
„Додека сите други бараат нов тренер на Реал Мадрид, ние фудбалерите цврсто веруваме во Сантијаго Солари и го поддржуваме. Ако работите одат добро, зошто да не му се даде шанса? Одигравме добар меч, имавме почеток каков што посакувавме, постигнавме брзо погодоци, и потоа доминиравме. Ова е Реал Мадрид, се уште сме најдобри во Европа, пехарот е во нашите витрини“, изјави Кашемиро по убедливиот триумф против Плзен.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА