Тибо Куртоа, голманот на Реал Мадрид, синоќа во Париз ја доби наградата за најдобар голман за минатата сезона, именувана како „Лав Јашин“, но беше рангиран на седмото место во изборот на „Златната топка“ на „Франс Фудбал“.
По ваквиот расплет на настаните, екс-голманот и капитен на Реал, Икер Касиљас истакна дека не е задоволен и е разочаран од случувањата на целата церемонија.
„Морам да кажам дека сум среќен заради Куртоа, тој покажа дека е убедливо најдобриот голман во светот. Не сум среќен затоа што на крајот не го ставија на подиумот како еден од најдобрите тројца фудбалери во светот. Не разбирам кој одлучува за добитниците на овие награди … ова е премногу разочарувачки“, напиша Касиљас.
Шпанецот не го прифати ниту фактот дека Манчестер Сити е прогласен за најдобар клуб.
„Ова се навистина смешни награди без никаква логика … Му честитам на Реал за третото место“, саркастичен беше Касилјас.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

