Касилјас емотивно на прославата на титулата на Порто – Да можев уште истиот ден ќе се вратев на терените (ВИДЕО)

Икер Касилјас пред нешто повеќе од една година доживеа срцев удар на тренинг на Порто. Тој синоќа ја прослави титулата во португалското првенство со своите соиграчи, а неговото обраќање беше навистина емотивно.

„Не сум застанал на терен 14 години. Возбуден сум поради тоа. Да можев истиот момент би се вратил на теренот“, изјави Касилјас.

Иако, прославениот голман мораше поради ударот да ја заврши професионалната кариера, никој не планираше да го изостави од прославата на титулата бидејќи се уште е нивни член и соиграч.

 

Се вчитува...