Легендарниот голман на Реал Мадрид, Икер Касилјас, би можел да пристигне во Серија А и да го облече дресот на Наполи. Тој во изминатите две сезони го бранеше голот на Порто, а ова лето би можел да се пресели во Италија.
„Наполитанците“ бараат нов чувар на мрежата, откако се погласни се шпекулациите дека Пепе Реина ќе замине во Англија и ќе го брани голот на Њукасл. Таму повторно би соработувал со својот поранешен тренер, Рафа Бенитез. Токму Касилјас треба да биде неговиот наследник на голот на Наполи. 36-годишниот Икер и понатаму е во одлична форма, а Италија за него би претставувала нов сериозен предизвик во богатата кариера.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА