Касилјас го продолжи договорот со Порто

Актуелниот португалски шампион Порто, го продолжи договорот на легендарниот шпански голман Икер Касилјас. Тој се договори со раководството на клубот за продолжување на соработката до 2021 година.

Шпанецот во редовите на Порто пристигна од Реал Мадрид во 2015 година. Во изминатиот период одигра 149 натпревари за португалскиот гигант освојувајќи ја шампионската титула во сезоната 2017/2018, како и два трофеи во Суперкупот на Португалија, во 2018 и 2019 година. Со овој договор 37 – годишниот Касилјас, потврди дека ќе игра фудбал и во својата петта деценија, со оглед дека во 2021 година ќе наполни 40 години.

 

 

Се вчитува...